МНТ со „Последната лента на Крап“ на 19. ИФАД „Стоби“

Вечерва со почеток во 19:00 часот на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес, во офф-програмата на ИФАД „Стоби”, членот на жири-комисијата, Ѓорѓи Јолевски, ќе настапи со монодрамата „Последната лента на Крап”.

Оваа година, 19. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби”, се одржува од 17 септември до 1 октомври, а покрај официјалната натпреварувачка програма, вклучена е и придружна офф-програма.


This image has an empty alt attribute; its file name is poslednata-lenta-na-krap.jpg

Монодрамата „Последната лента на Крап”, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, изминатиот период гостуваше и на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест” во Загреб, Р Хрватска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …