МАКЕДОНСКА ВИНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ВИНОПЕДИА (АНГ. VINOPEDIA) НА МАКЕДОНСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ДИГИТАЛНА И ПЕЧАТЕНА ФОРМА

Ретки се земјите низ светот кои располагаат со винска историја, култура, традиции и обичаи како Македонија и македонската територија. За жал само дел од историја со археологија на винска култура и вински патишта се соодветно истражени, документирани и познати за домашната и светската јавност.

Фактот што изминатиот период винската култура и индустрија во Македонија се развива и обновува забрзано, допринесува винариите да се здобиваат со се повеќе домашни и странски корисници и љубители на македонски вина. Винскиот туризам полека завзема се позначајна и влијателна улога во развој на руралниот туризам.


Сето ова не поттикна да ги започнеме оваа иницијатива и проект со цел и задача да ја потврдиме, овековечиме, запишеме и промовираме познатата и непозната винска историја со богата култура и ризница од традиции и обичаи поврзани со одгледувањето и производството на вино вклучително и бројните вински патиштата низ нашата македонска територија.

ВИНОПЕДИА претставува прв и единствен во моментов активен проект за создавање на македонска винска енциклопедија на македонски и англиски јазик кој претставува референтен извор на информации за винската индустрија и култура во Македонија и македонските територии на Балканот.


ВИНОПЕДИА на едно место ги документира, архивира и промовира богатството на винската култура и традиција низ историјата на Македонија и македонската територија, обезбедувајќи консолидација и унифицираност на архивски, археолошки и други достапни историски и акуелни информации со детален опис на различни аспекти на винската индустрија од сорти на винова лоза до начини на одгледување, преку различни нивоа на производствени процеси за вино до начини, традиции и адети на конзумирање на вино.

Со цел пошироката јавност да ја запознаеме со институциите и тимот кои ја подготвуваат ВИНОПЕДИА македонската винска енциклопедија во соработка со винскиот бар и ресторан The House Скопје започнуваме серијал од вински настани со дегустации на македонски вина и храна.


Првиот ВИНОПЕДИА вински настан ќе се оддржи во вторник на 12ти Септември од 12:00 до 22:00 час. На настанот гостите и винските ентузијасти ќе можат да дегустираат македонски вина од различни реколти и винарии во комбинација со македонски млечни и сувомеснати производи, закуски и специјалитети од храна.

ВИНОПЕДИА винските дегустации и настани со различни приказни ќе се одвиваат секој вторник до крајот на годината.

Повеќе информации за самите настани можете да прочитате и на VINOPEDIA | Wine encyclopedia.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …