Лут сопственик на „Мерцедес“ бара 200 милиони долари бидејќи му експлодирал стаклениот кров

Воопшто не е пријатно кога над главата ќе ти експлодира стакло, а уште повеќе додека возите.
Ова е токму она што наводно му се случило на сопственикот на Mercedes SUV,на моделот ML350 од 2015 година. Тој поднел тужба против германската компанија од која бара дури 200.милиони американски долари плус судски трошоци. Тој тврди дека Мерцедес продавал возила чии панорамски покриви би можеле да пукнат. Обвинителот тврди дека минатиот март неговата сестра управувала автомобил и дека во еден момент без никакви претходни индикации пукнал панорамскиот покрив. Бил сончев ден, а таа се движеше по автопатот со брзина од 88 км на час.


Стаклото, наводно, нагло пукнало, а звукот бил како звук на пушка. Таа веднаш запрела и имала што да види – задното панорамско стакло експлодирало и се распарчило на задното седиште. Во тужбата се наведува дека правилното функционирање на голем панорамски покрив бара соодветно инженерско знаење, како и засилување на оптимални делови, што производителот не ги извршил на соодветен начин. Други сопственици тврдат дека експлозијата на панорамски покрив е навистина ужасно доживување, додека возите, со моќна експлозија, ве опсипуваат парчиња стакло.
Мерцедес досега немал повлекување на оваа тема а ниту не ги предупредил сопствениците за оваа можност, според тужбата. Како дел од тужбата е повикан и Сент-Гобаин Секурит, производител на споменатото стакло.
Carcompliants.com понатаму известува дека во претходните случаи, Мерцедес можел да одговори со компензација од 250. до 500. долари доколку не биле тужени. Заменувањето на панорамски покрив чини околу 2000 УСД.
Фото: Mercedes

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …