Божествени „пуфнести“ топчиња…
За време на карантинот, најмногу се свртувавме кон готвењето како најинтересна активност, а од овој период собравме голем број на одлични нови рецепти.
Една од нив е рецепт создаден од чиста здодевност која вклучува само две состојки, а станува збор за подготовка на мини крофни, грицки што сите ги обожаваме.
Жената што го измисли рецептот го сподели своето искуство на Твитер, а многумина решија да го испробаат.
Состојки: 140 грама брашно и 190 гр јогурт.
Забелешка: Жената во рецептот користела од таканареченото саморастечко брашно, кое не е достапно на нашиот пазар, но ќе го добиете истиот ефект, ако додадете обична лажичка прашок за пециво во обичното брашно.
Подготовка: Комбинирајте брашно со печиво и јогурт, направете топчиња и пржете ги во масло.
Готовите крофни посипете ги со шеќер, полијте ги со чоколадо, разнобојни трошки или сервирајте со солени странични јадења по желба.
За да го добиете ефектот како на фотографијата пред да ги пржите со прстот направете им дупче на средина.