Лила ја отворила душата и проговорила за најголемата болка


Македонската водителка Лила Филиповска јавно проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, смртта на нејзиниот татко Милан.

Таа за порталот „Женски магазин” истакна дека тој бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон. Тој бил нејзина ѕвезда-водилка, човек за пример и столб во семејството.
„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата”, рекла Лила.
Нему му бил дијагностициран рак, но дури во поодмината фаза. Иако бил дисциплиниран пациент, кој редовно одел на прегледи, на крајот не успеал да ја победи тешката болест. Лила додала дека татко и’ Милан починал пред три години од канцер.
„Времето поминува, но болката не се намалува. Се’ е исто, само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно”, изјавила Лила.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмскиот Театар ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската …