Концерт на „War Engine“ во Везилка

Вечерва во Културниот центар Везилка во Битола, со почеток од 21:00 часот свој настап ќе имаат „War Engine“ од Нови Сад, Србија.

„War Engine“ е спој на хардкор и треш метал, бенд од Нови Сад, Србија, формиран во 2009 година. Во 2011 година, го објавуваат своето прво ЕП, „Chemical Warfare“, кое беше проследено со објавувањето на EP „Machete“ во 2012 година. До крајот на 2012 година го издаватат својот деби албум „Adrenaline Rush“, зацврстувајќи го своето присуство во метал сцената. Низ годините бендот претрпува неколку промени и ротации во поставата и од петчлена постава, денес War Engine е моќно трио кое го сочинуваат: Душан Мијолиќ на гитара и вокал, Милан Пејанац на бас и придружни вокали и Стефан Станиќ на тапани.


По неколку години активни настапи во живо, турнеи, објавување cинглови и музички спотови, War Engine го објави својот втор целосен албум „The Verdict“ во 2017 година. Пет години подоцна
го издаваат својот трет студиски албум ,, Декаденција” кој што моментално го промовираат на претстојната турнеа.

Влезницата за настанот е 200 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …