Концерт на „Николов-Ивановиќ Ундектет“ во Филхармонија

Во вторник, со почеток во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија концерт ќе одржи ансамблот „Николов- Ивановиќ Ундектет”. Врската помеѓу традицијата и модерното, „старите добри” времиња и современиот

пристап кон музиката, е пресвртница на целата сегашна и идна џез-сцена. Дали постои златна средина, основа на која се среќаваат и коегзистираат овие две, навидум спротивставени тенденции? Единаесетчлениот бенд на композиторот Владимир Николов и тапанарот Срѓан Ивановиќ, се обидува да даде одговор на токму на ова прашање. Двајца


балкански музичари со респектабилна интернационална кариера се вистинскиот избор за ваков експеримент. Додека Николов е истакнат во својата работа како аранжер и композитор со светски оркестри и ансамбли, Ивановиќ е нешто поактивен во помали формации. Публиката го познава како лидер на бендот „Blazin’ Quartet”, претставувајќи ја

оригиналната визија за приклучување кон модерниот европски џез со балкански влијанија. Угледниот Jazz Times овој ансамбл го вброи меѓу најкреативните големи џез-ансамбли во Европа. Оркестарот е составен од внимателна селекција на музичари од помладата и средната генерација од балканскиот регион, измешани со уште помлади сили од Франција – во модерен џез-ансамбл.


Нивниот трет албум „Дистопија” е нова приказна со девет авторски композиции, кои обработуваат социјални и протестни теми. Овој албум ќе биде издаден во Србија и во земјите на поранешна Југославија во декември 2023 година, а во остатокот од светот – во 2024 година. Првиот сингл од овој албум, „Scream”, веќе е објавен на Јутјуб. Концертот во Скопје, на 12 декември, е дел од промотивната турнеја на новиот албум на „Николов-Ивановиќ Ундектет”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Хармонија“ концерт на македонската филхармонија со маестро Мануел Хернандез – Силва и солистот Драган Ѓорѓевиќ

Во четврток, на 22 февруари 2024 година, во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, …