Концерт на „Никеја“ во Прилеп: Рокерите со анплагт перформанс

Во сабота 6 октомври 2018 од 20 часот во киното „Мис Стон“ во ЦК„Марко Цепенков“ќе се одржи концерт насловен „Четврт со рокенрол – Unplugged“ на кој ќе настапи вокално инструменталниот состав „Никеја“, Здружение на автори на музички дела на РМ – Шпато.
Влезот за концертот е слободен, а составот ќе се претстави со акустичен перфоманс кој ќе опфати промоција на новите песни кои се поместени на последниот студиски албум ЊУ ФОЛДЕР, како и песни од предходните два албуми на „Никеја“.
Посетителите ќе можат да уживаат во песните кои со еден нов аранжерски пристап во акустична верзија ќе бидат преставени во својата изворна форма. Концертот е во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ од Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …