Клуни открил како ја запросил Амал:„Клечев 20. минути“

Глумецот во последното интервју се расприкажал за својата сопруга Амал со која веднаш, истакнува, „кликнал“, штом ја запознал. Го освоила со интелигенција и смисла за хумор
Џорџ Клуни (56) и Амал (39) се запознале на езерото Комо во Италија во 2013. година. После првата средба, глумецот и правничката почнале да се допишуваат па и на едниот и на другиот им било јасно дека меѓу нив има „искра“.
„На прв состанок излеговме во Лондон. Бевме на вечер во тренди ресторан. Кога излеговме не дочекаа педесеттина папараци, а таа тој дел го одработи како професионалец. И така се’ започна“ рекол глумецот.


Џорџ сфатил дека сака со неа да го мине целиот живот кога се фатил како „буљи“ во нејзините фотографии од заедничкиот одмор кои ги имал на мобилниот.
„Минав двесет минути клечејќи. Чекав да каже ’да’, но таа само повторуваше ’О, господе’. Беше во шок“ раскажал Клуни кој ја запросил правничката после вечерата.
„И реков од фиоката да извади запалка да ги запалиме свеќите на масата. Во фиоката пронајде прстен. Имав посебна плејлиста, а ја чекав песната ‘Why Shouldn’t I’“ открил оскаровецот.
Двојката се венчала во август 2014. година. Амал во јуни, оваа година, ги родила близнаците Ела и Алекс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …