Кејси Афлек се повлекол, како презентер, од 90. доделување Оскари!

Помладиот брат на Бен Афлек во 2017. година ја освоил наградата за најдобар глумец во конкуренција со Дензел Вашингтон и Рајан Гослинг. Освоил и Златен глобус и бројни награди на филмските критичари…
Кејси Афлек (42), глумец кого две членки на филмската екипа го обвиниле за сексуално вознемирување на филмскиот сет, се повлекол како презентер од доделувањето на наградата Оскар, објавила во четвртокот гласноговорничката на доделувањето на американските филмски награди.
Братот на Бен Афлек, актерот Кејси Афлек, ќе ја пропушти овогодинешната церемонија за Оскарите, најавил неговиот портпарол.
Ланскиот добитник на Оскарот за најдобра машка улога требаше да ја додели наградата за најдобра женска улога, но неговиот публицист изјавил дека тој се повлекол од листата на презентери. Причина за одбивањето се обвинувањата за сексуално вознемирување, поднесени од две жени.
Во 2010. година, Афлек беше тужен од две колешки за сексуално вознемирување, случај за кој се дозна пред ланските оскари. Продуцентката Аманда Вајт и снимателката Магдалена Горка тогаш открија дека тој им се заканил дека нема да бидат платени за својата работа на филмот „Уште сум тука“, откако одбиле да имаат секс со него.
Случајот бил разрешен со вонсудска нагодба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …