Караванот „Македонијо во срце те носиме” во среда гостува во Прилеп!

По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме” оваа среда (27 септември) патува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто”.

И овој пат публиката ќе ужива во стиховите на „Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Едно име имаме”, „Земјо македонска”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”… отпеани од Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.


„Македонијо во срце те носиме” е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од неверојатниот Николче Мицевски, и има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Дојдете во Прилеп и не пропуштајте ја можноста да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …