(ВИДЕО) Признал дека е геј пред 1.500 луѓе во католичко школо – еве што се случило!

1.500 луѓе во едно од најелитните католични средни училишта во Сиднеј стоејќи со овации го наградиле 17. годишниот Фин Стенехард кој им признал дека е геј…
„Молчењето е доста застрашувачко, бидејќи што ако не им се допаднете на луѓето“, рекол Фин во своето обраќање, а дел до снимката се појавила на социјалните мрежи и предизвикал бројни реакции.


„Кога го изговорив тоа, само почувствував енергија која минува низ мене и чувствував дека тоа е првпат да сум горд на тоа што сум…Како најстар хетеросексуален син животот ми беше лесен. Толку време морав да минам зад фасадата на самоуверен хетеросекуален дечко, а воопшто не знаев да бидам таков“, рекол Фин за SBS.
„Мислам дека тоа е главна причина поради која го одржав тој говор“, додал тој.
Директорот на школото St Ignatius, Пол Хајнс, говорот на Фин го опишал како пресвртница за школото кое сакало да ја поддржи неговата одлука јавно да ја сподели својата приказна и приказната за прифаќањето.
„Не верувам дека било која ја избира својата сексуалност, тоа е она што сме и мораме да бидеме отворени и да го прифатиме тоа. Мораме да се погрижиме да живееме во заедница која прифаќа а со тоа ќе дојдат и различностите“, заклучил Хајнс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Илија Струмениковски

Илија Струмениковски е роден на 20 септември 1940 година во Куманово. Тој е истакнат македонски …