Какви температури да очекуваме во наредните пет дена?

Денес и утре времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР.
Денес (понеделник) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 35. до 41. степен. УВ=9
За вторник се најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 35. до 41. степен. УВ=9


Во среда треба да очекуваме сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минимална температура: 14°C до 23°C.
Максимална температура: 33°C до 39°C. УВ=9
За четврток се најавуваат мали промени – Сжќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минимална температура: 13°C до 22°C. Максимална температура: 29°C до 36°C. УВ=9
Во петок пак не очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура: 12°C до 21°C. Максимална температура: 30°C до 37°C. УВ=9


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …