Излезе видео записот за четвртата песна „ДНО“ од албумот во подготовка „НЕ“ на Александар Гулевски

Песната „ДНО“ e четврта песна од албумот во подготовка „НЕ“ на Александар Гулевски. Објавена е неодамна, по речиси една година од излегувањето на песната „ДОМ“.

Аранжмански, „ДНО“ во голема мера се разликува од неговите претходни песни. Текстот повикува на размислување. „ДНО“ зборува за човековото оддалечување од целта, за барањето вредности само во материјалното и за целосното отсуство на етичкиот императив кај луѓето.


Песната е снимена во студиото „Црноризец Храбар“ во Битола, а спотот за песната е направен во соработка со CottonBro Studio.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се празнува Преподобен Јован

Преподобен Јован Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин …