Ивана Наскова: Мажите се поголеми спонзоруши од жените

Љубовта, сексот, но и проблемите во врските од машки, но од и женски аспект во поткастот “Искрено” со Ивана и Адријана, ова е новиот поткаст за сите оние кои се прашуваат колку се комплицирани машко-женските односи.

Во Искрено со Ивана и Адријана на zase.mk девојките зборуваат за врските, раскинувањата, љубовта, за животот и сите оние моменти што ни се случуваат секојдневно и понекогаш не прават среќни, збунети или се нешто помеѓу. Доколку некогаш се прашувавте што сакаат жените или како се чувствуваат. Ивана и Адријана одговараат искрено од своето искуство и видување.


Многу интересни гости ги споделуваат своите ставови и мислења и личното искуство заедно со девојките во студиото. Адријана Ацевска Кеш е наша позната музичка ѕвезда и новата улога дефинитивно ќе ја доближи повеќе до публиката и ќе можат да ја видат Адријана во едно поинакво светло. Ивана Наскова како стенд ап комичар и писател со сигурност ќе има многу што да каже и низ свое видување и да ја насмее публиката.

Првата тема на која разговараат е “Дали мажите се поголеми спонзоруши од жените?”


Дали е вистина дека во последно време мажите барааат жени со пари? Кој повеќе изневерува, оние што имаат повеќе, или оние кои имаат помалку пари? Зошто девојките по некогаш мора да ја соблечат сукњата и да ги облечат панталоните на мажот, но и зошто понекогаш жените се поставуваат како мажи во врската, на овие теми интересни одговори даваат Ивана и Адријана. Меѓусебно си поставуваат незгодни прашања, но даваат и уште понезгодни одговори. Дали жените сакаат богат маж, дали парите се фактор за изневерување и дали на девојката нема да и смета доколу таа заработува повеќе од мажот? – гледајте ја првата епизода на поткастот “Искрено” со Ивана и Адријана на Zase.mk

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …