ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖАЛО: Омикрон го подига имунитетот на претходниот вид делта

РЕЗУЛТАТИТЕ од истражувањето на јужноафриканските научници сугерираат дека сојот омикрон може да ја замени делта варијантата на коронавирусот, бидејќи инфекцијата со омикрон го подига имунитетот на претходниот вид делта.
Студијата опфатила само мала група од 33. вакцинирани и невакцинирани луѓе и не била рецензирана, но покажала дека луѓето кои биле заразени со омикрон, особено оние кои биле вакцинирани, развиле зајакнат имунитет на видот делта.
– Посилниот имунолошки одговор на инфекција со делта варијантата кај луѓето инфицирани со омикрон може да резултира со намалена способност на делтата повторно да ги инфицира тие луѓе – велат научниците кои го спровеле истражувањето.
Резултатите од студијата доведоа до заклучок дека омикрон ја заменува делта варијантата, бидејќи може да „создаде имунитет кој го неутрализира сојот на делта и го прави повторувањето на инфекцијата со варијантата делта помалку веројатно“, предупредуваат јужноафриканските научници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …