Хуманитарен концерт во чест на Климентина Рафајловска вечерва во КИЦ

Вечерва во Салон 19:19 во Културно Информативниот Центар во Скопје со почеток во 19:00 часот ќе се одржи хуманитарен концерт во чест на Климентина Рафајловска (1977 – 1994).

Овој концерт нека биде потсетник за свесноста за борбата против ракот, преку ликот и делото на Климентина Рафајловска, нека не потсети на сите кои во моментов се соочуваат со предизвиците на оваа тешка болест.


Во духот на сочувство и солидарност, овој концерт нека биде зрак на убавина, надеж и утеха во исто време, а музиката со својата исцелителска моќ нека биде сила за позитивна промена во нашите срца.

Придружете ни се на незаборавна музичка вечер во духот на хуманоста и во сеќавање на Климентина Рафајловска која ги разубави животите на многу луѓе.


Здружението ХЕМА-ОНКО, непоколебливо во својата поддршка и посветеност на болните од рак, Ве повикува да ја почувствувате исцелителската моќ на музиката на овој посебен настан, оддавајќи и почит на нашата Климентина чие патување на овој свет, за жал премногу рано заврши.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …