ХИБРИДЕН ВИД – Уловена златна „рипка“ тешка 30 килограми

На Хакет му биле потребни 25. минути за да ја извади рибата
Енди Хекет успеал да улови златна рипка тешка дури 30 килограми. Овие „рибички“ обично живеат во домашни аквариуми кои не заземаат многу простор.
Сепак, Хакет успеал да фати многу поголема верзија, една од најголемите во светот, тешка повеќе од 30 килограми, пренесува „Гардијан“.
Нефатливата риба, позната како морков поради својата портокалова боја, била внесена во езеро во Шампањ, Франција пред 20 години, и оттогаш се покажало многу тешко да се фати.
На Хакет му биле потребни 25 минути за да ја извади рибата.


Тоа е хибриден вид вкрстен со јапонски кои крап и се верува дека ова е втората по големина било кога уловена. Златната рипка или крапот припаѓаат на семејството на крапови, но обично не ја достигнуваат оваа големина.
– Отсекогаш знаев дека морковот е таму, но никогаш не мислев дека ќе го фатам. Знаев дека е голема кога таа ја гризна мамката и почна да ја влече горе-долу, лево и десно. Потоа исплива на површина и видов дека е портокалова. Феноменално е што ја фатив, но тоа е и чиста среќа – изјавил Хакет.
Тој позирал со огромната риба пред да ја врати во водата.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …