Глумецот, Ендрју Данбар, од „Игри на престолите“ ненадејно починал на Бадник

Ендрју Данбар, глумец од „Игри на престолите“ ненадејно починал на Бадник, во својот дом во Белфаст.
Данбар бил дублер на Алфи Ален кој во серијата го глуми Теон Грејон. Освен што бил дублер, во серијата се појавил и како сојузник на Џон Сноу во Битката на копилињата.
Бил во триесеттите години, а работел и како ДиЏеј. Покрај улогата во „Игри на престолите“ се појавил и во сериите Line Of Duty i Derry Girls, пренесува Belfast Live.



Неговиот пријател и колега глумец, Енди МекКол, рекол дека покрај Данбар секогаш се забавувал и дека бил „љубезен и пристоен човек“.

„Ова никогаш нема да ми биде јасно. Беше искрена личност, љубезен и пристоен човек со добро срце. Неговите настапи беа одлични, еднаш беше ДиЏеј на забава за екипата од „Игри на престолите“ и на крај беше задолжен за музика на сите забави“, раскажал тој.



Памела Смит, која била задолжена за шминка во серијата „Игри на престолите“, нагласила дека Ендрју секогаш се истакнувал.
„Секогаш професионален и пристоен, со широка насмевка. Беше прекрасна душа, ќе ни недостасува“, рекла таа.
„Малку е да се каже дека сме шокирани и тажни поради смртта на Ендрју Данбар. Имаме толку убави спомени на годините кога работеше со нас. Беше толку прилагодлив што можеше да глуми било каде. Беше многу талентиран, а продуцентите го обожуваа и секогаш повторно го бараа“, порачале од агенцијата за дублери со која соработувал, додавајќи дека бил „нежна душа“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …