(ФОТО) ЖИВОТОТ Е ЧУДО: Маж со Алцхајмер заборавил дека е во брак и повторно се вљубил во сопругата!

ЕДНА сабота вечер минатиот декември, Питер и Лиза Маршал седеле на каучот гледајќи го омиленото ТВ-шоу. Питер потоа ја погледна Лиза и ја праша дали ќе се омажи за него. Но, тие веќе биле во брак, а Петар не се сеќавал.
Си-Ен-Ен пишува дека тој започнал да ја губи меморијата пред три години, а по бројните тестови, му била дијагностицирана Алцхајмерова болест. Не можел ниту да се сети на моментите од неговата романса со Лиза. Заборавил кога првпат се сретнале, држејќи се за раце и бакнувајќи се. Тој дури не се сеќавал ниту на нивната венчавка.


„Создадовме нови спомени, но ме боли кога ќе го прашам дали се сеќава на нешто од порано затоа што не се сеќава“, изјавила Лиза за Си-Ен-Ен. Но, таа била многу трогната што нејзиниот сопруг повторно ја запросил. “Тој се вљуби во мене двапати, се чувствував почестено, како принцеза. Јас сум најсреќната на светот”, додала Лиза.


Тие на крајот ги обновиле брачните завети. Лиза не сакала да ја пропушти можноста да создаде уште едно сеќавање со нејзиниот сопруг. Тие се венчале на 26. април годинава.


“Влегов во тоа без никакви очекувања. Питер беше добро цел ден, тој беше многу среќен. За време на заклетвите ми рече дека ме сака, и само тоа ми требаше”, заклучила Лиса за Си-Ен-Ен.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …