(ФОТО) Живеела од милост на улица а на сметката имала 1,1 милиони долари!

Жена со инвалидитет која со години просела на улиците на Бејрут е пронајдена мртва.На нејзината сметка полицијата открила 1. милион долари…
Просјачката кој живеела од милоста на минувачите во Либан умрела како милионерка. Полицијата била шокирана кога открила дека жената со инвалидитет, Фатим Отман (52), со просење на улиците на Бејрут заработила мало богатство.
Нејзиното тело е пронајдено во напуштен автомобил, а покрај неа биле две торби со 5. милиони либански фунти, односно 3.300 долари во кеш. На сметката во банка отворена на нејзино име биле пронајдени дополнителни 1,7 милијарди либански фунти односно 1,1 милион долари, пишува Daily Mail.

Шокирано семејство
Полицискиот портпарол, Јозеф Мусалам изјавил дека жената умрела од срцев удар, а полицијата нејзината смрт не ја третира како сомнителна.Портпароот напоменал дека откритието за нејзиното богатство „ги шокирало“.


Фатима Отман не можела да ги користи рацете и нозете бидејќи во либнската граѓанска војна претрпела тешки повреди со трајни последици, пишуват локалните медиуми. Локално станала позната после фотографијата, која го обиколила светот, на која либански војник и дава вода од шишенце.
Полицијата го пронашла семејството кое живее во грдот Аин Ал Захаб во северниот дел на Либан каде Фатима ќе биде погребана. И тие, како и полицијата биле шокирани со нејзиното богатство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …