????????

(ФОТО) Заврши снимањето на играниот филм „Сестра“

Во неделата, на езерото Матка беше удрена последната клапа од играниот филм „Сестра“, долгометражното деби на младата македонска режисерка Дина Дума, во продукција на Лист Продукција од Скопје. Филмот се снимаше во урбан амбиент, на локации низ Скопје.

„Сестра” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.


Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.
Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематограф е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, а шминката на Жанета Димитриевска.



“Сестра” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, ЦрнаГора и Косово.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …