(ФОТО) Возел 160 км/ч низ град, полицијата му го запленила автомобилот

Властите во Холандија заплениле скап спортски автомобил откако било утврдено дека се движел со 159 km/h низ центарот на Ротердам.
Инцидентот се случил кон крајот на минатата недела, а локалните медиуми објавија дека полицијата во Ротердам забележала Nissan GT-R како се трка низ улиците покрај BMW. Кога ласерскиот брзинометар беше вперен кон GT-R, тој покажал дека автомобилот се движи со брзина од 159 km/h, во област со ограничување на брзината од 50 km/h.
Кога ја земале предвид корекцијата на мерењата на уредот, беше утврдено дека возачот на Nissan ја надминал дозволената брзина за 103 km/h.
Фактот дека тој бил фатен како пребрзо не бил единствениот прекршок на возачот кој инаку е Французин. Autoblog.nl известува дека спортскиот автомобил имал германски регистерски таблички кои истекле на 21. септември 2021. година. Епилог: не само што е запленет Nissan, туку францускиот возач морал и да ја предаде својата возачка дозвола на властите.

Холандската полиција на својот Инстаграм профил сподели слика од црн GT-R. Тие рекле и дека судбината на возилото ќе ја одреди јавен обвинител и дека е сосема веројатно извесно време, ако не и на неодредено време, да остане надвор од сообраќај.
Се подразбира дека возењето низ град со повеќе од три пати поголема брзина е многу опасна работа. Доколку нешто тргнело наопаку, GT-R и неговиот возач можеле да бидат вмешани во инцидентот со сериозни последици по безбедноста во сообраќајот.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 11 години без нашиот легендарен флејтист Никола Атанасов

Никола Атанасов е роден во Просечен, Драмско, Егејска Македонија во 1939 година. Тој беше македонски …