(ФОТО) Езеро кое нуди искуство на одење по Месечината и поглед на „воденото торнадо“

Нуркачите го опишуваат чувството на истражување на топлите и студените делови на езерото како бестежинско, како одење по Месечината. Но, освен „астронаутското“ искуство, една од посебните карактеристики е специфичното песочно дно што се меша со калта, создавајќи површина како желе, свиленкаста.
Езерото Баракуда, сместено на северниот брег на островот Корон на Филипините, нуди уникатно нуркачко искуство. Без разлика на името, нема страв од баракуди кои стреловито ќе долетаат од длабочините. Името го добила по огромниот скелет од баракуда пронајден таму.
Но, Баракуда сепак крие изненадување. Езерото, наречено и Лулујуан поради кристално сината вода на површината, има топли 28 степени Целзиусови, но на околу 13. метри температурата драстично се менува и се искачува до 38. Целзиусови степени за повторно да се олади на самото дно.

Причина за тоа е мешањето на свежата и солената вода во езерото, а тенката граница што ги дели јасно се гледа на две места: на 4. и 14. метри. Оние кои го виделе велат дека наликува на долго, тенко, темно сиво хоризонтално торнадо во далечина. Во комбинација со варовнички форми кои се издигнуваат од длабочините и продолжуваат над површината, прави речиси нереална глетка.
Нуркачите го опишуваат чувството на истражување на топлите и студените делови на езерото како бестежинско, како одење по Месечината. Но, освен „астронаутското“ искуство, една од посебните карактеристики е специфичното песочно дно кое се меша со калта, формирајќи желеста, свилена површина. На длабочина од приближно 34. метри, водата се менува од сина во кафена.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …