Една загрижена мајка на својот Фејсбук профил објавила фотографии од нејзиниот син кој е зависник. Настанати во интервал од само 7. месеци, тие се сосема различни. На едната има еден убав млад човек, додека на другата младиот човек е многу слаб и пијан.
Џенифер Салфен Трејси од Мисури ги поставила фотографиите од својот син, Коди Бишоп, за да предупреди за тоа што може да направи сериозна зависност од дрога за само седум месеци.
Нејзиниот син станал зависник од хероин и мет и таа ја споделила неговата приказна откако не разговарала со него две недели.
„Коди, ако го видиш ова, те молам јави ми се… те сакаме“, напишала таа во објавата што стана вирална.
Трејси исто така напишала и дека ситуацијата на нејзиниот син е реалност за многу луѓе и семејства во светот. Таа вели дека се двоумела дали да ја сподели приказната, но многумина ја прашувале за детали, па сфатила дека тоа им се случува на многумина, а за тоа скоро никој не зборуваше.
Таа додаде дека нејзиниот син е бездомник во Лас Вегас и била загрижена кога не се слушнале.
„Кога ќе го слушнам и сфаќам колку е лошо, тешко е, но полошо е кога воопшто не го слушам“, рекла таа, додавајќи дека бидејќи не знае што се случува, не може да спие.
Трејси исто така вели дека се молела нејзиниот син ќе се засити од неговиот стил на живот и ќе се врати дома за да добие помош што му е потребна.
Екран.мк
Фото:Prointscreen/Facebook
ekran платформа за слободоумни