(ФОТО) Цеца цело лето им пее на градоначалниците во Македонија: А, да си ја усвоиме!?

Градоначалниците се менуваат но навиките очигледно остануваат…
А, како поинаку да се протолкува тоа што, засега, Цеца Ражњатовиќ, после Прилеп ќе пее и во Штип на нивната, ГРАДСКА манифестација…Велиме, засега, бидејќи има уште многу манифестации па не е чудно да дојде на уште некоја…Но, најрагично е што градоначалниците, нели се сменија, но навиките да ја канат на тие прослави останува, или пак станува збор за нешто друго…
По нејзиниот голем настап на “Пивофест”, Светлана Цеца Ражњатовиќ ќе се појави и свој голем концерт ќе има и пред штипската публика на традиционалната манифестација “Штипска пастрамалијада” која годинава ќе се оддржи од 20. до 22. септември. Како и секогаш кога гостува оваа позната балканска фолк музичка ѕвезда, така и овој пат организаторите очекуваат голем број на граѓани како од Македонија така и од соседните држави, каде што исто така оваа фолк пејачка е популарна.



Освен веќе споменатата музичка ѕвезда, на овогодинешното 13-то издание на “Штипска пастрамалијада” свое учество ќе земат и групата “Нокаут” и Игор Џамбазов, Мартинијан Кириловски, Викторија Лоба, Тропико Бенд, Антониа Гиговска… а овогодинешната манифестација ќе ја затвори хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ.
Со оглед на тоа колку македонските градоначалници ја сакаат Цеца им предлагаме да ја усвојат – можеби ќе им наплатува помали хонорари.
Срамно е што градоначалниците се менуваат но навиките остануваа!!!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …