(ФОТО) ЦЕНА НА СЛАВАТА: Некогаш била Пипи долгиот чорап а сега за неа собираат пари!

Нилсон никогаш не добила хонорар поради тогашниот закон од крајот на 60. ттите. После тоа сознание многубројни фанови на филмот, кои растеле покрај Пипи, се собрале и одлучиле да соберат донација за тогаш младата глумица…
Со само осум години се прославила со улогата на Пипи долгиот чорап во истоимениот филм за деца, а шведската глумица Ингер Нилсон (60) за тие, сега веќе дамнешни денови и кариерата, последните години прогоорила во недамнешното интервју за холандскиот Algemeen Dagblad.

„Филмските сетови се многу здодевни места за децата. Се’ трае долго, а бидејќи не бев од Стокхолм морав да живеам во изнајмен стан со дадилка. Никогаш порано не се одвојував од семејството и секој ден и се јавував на мама и и’ плачев бидејќи сакав да си одам дома“, се присетила глумицата.

Последните години глуми во германската серија за форензика, „Der Kommissar und das Meer“, а тврди дека поради улогата на Пипи не добивала нови ангажмани.
„Еден режисер отворено ми кажа дека не може да ја има Пипи долгиот чорап на сцената“, рекла.
За време на снимањето на „Пипи долгиот чорап“ се плашела од коњор од филмот, а ниту пратителот мајмун не и бил многу драг.
„Жал ми е што ќе ве разочарам, но ништо не беше онака како што се чинеше“, тврди Нилсон.

Таа открила дека за глобално познатата улога не добила хонорар поради тогашниот закон од крајот на 60. ттите. Токму поради тоа сознание, многубројните фанови на филмот, кои растеле со Пипи се собрале и одлучиле да соберат донации за Нилсон и нејзините филмски пријатели Аника и Томи. Моментално собрале повеќе од 37.000 евра, но глумицата не ја дочекала таа вест со воодушевување.

„Прво бев многу лута бидејќи не сакам да изигрувам жртва и да барам милост. Кога се смирив, сфатив дека тоа е еден знак на почитување и желба фановите да ни покажат колку не ценат“, заклучила Пипи, односно, Ингер Нилсон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …