(ФОТО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – Познат кошаркар открива:„Мадона ми понуди 20. милиони долари да и направам дете!“

Родман смета дека и Лордес Леон, ќерката на Мадона, е родена по сличен финансиски договор на популарната пејачка со Карлос Леон
Поранешниот НБА кошаркар, Денис Родман зборувајќи за својата кратка романса од 1993 година открива дека поп ѕвездата Мадона, која била луда по него во тоа време, му понудила 20 милиони долари да и направи дете.



„Во моменти на слободни денови од кошарката јас бев во Лас Вегас по цели денови во казината. Мадона ми се јави од Њујорк и ми рече дека ‘гори’ по мене па веднаш да дојдам кај неа. Испрати и авион по мене и јас отидов во Њујорк. Ми понуди 20 милиони долари ако забремени, поточно дека ќе ги добијам само ако се роди детето. Јас го направив тоа што го побара, си ја завршив работата и другиот ден се вратив во Лас Вегас. Но, таа не забремени, па немаше ни 20 милиони долари“ – раскажува Родман кој се потсетува на една епизода со Мадона и од времето кога беше играч на Сан Антонио, за што пишувал во својата автобиограија „I Should Be Dead By Now”.



„Беше тоа последен меч во сезоната. Седеше во прв ред, а потоа на крај ја затекнав како седи пред моето место во соблекувалната. Но, јас не и обрнав внимание. Другите кошаркари беа импресионирани, чекаа ред да се фотографираат со неа“.
Родман смета дека и Лордес Леон, ќерката на Мадона, е родена по сличен финансиски договор на популарната пејачка со Карлос Леон.



Мадона, која во моментов е на светска турнеја, не одговори досега на овие тврдења на Родман.
Познатата пејачка денес има шест деца – 22. годишната ќерка Лордес која ја добила со личниот трнер и глумец Карлос леон, 19. годишниот син Рок од бракот со режисерот Гај Ричи, а ги усвоила 13. годишниот Давид, 13. годишната Марси и 7. годишните близнаци Естер и Стела.


Денис Родман има три деца, со бившата сопруга Ани Бејкс ги добил 31. годишната ќерка Алексис и 19. годишниот син Денис Џуниор, а со втората бивша сопруга Мишел Мојер ја има 18. годишната ќерка Тринити.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …