(ФОТО) ТАЖНО – ЛЕГЕНДАРНИОТ ТАНЧЕР ПОЧИНАЛ НА 58. ГОДИНИ: Бил десна рака на Мајкл Џексон, а играл и со Кијану Ривс!

Хип-хоп танчерот и кореограф Бруно Фалкон, попознат како „Pop N Taco“, починал во саботата во својот дом во Лонг Бич, Калифорнија.
Имал 58 години, а починал од природна смрт, пишува New York Post.

This image has an empty alt attribute; its file name is tancer-bruno.jpg


Сестрата на легендата на култниот филм „Breakin’“ од осумдесетите ја потврдила неговата смрт за локалните медиуми. Иако се уште нема официјален извештај од обдукцијата, таа смета дека Бруно починал од срцев удар.
Познатиот танчер бил роден во источен Лос Анџелес, а во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век важел за една од најважните фигури на уличната танцова сцена.


– Луѓето едноставно не можеа да поверуваат дека Мексиканец може да танцува поп – изјавил еднаш Бруно за магазинот „Soc!ety Dance Academy“ и истакнал како другите танчери знаеле да го предизвикаат пред училиште, на забави или за време на средношколските танци. .
– Ќе излезеа директно пред тебе, точно пред твоето лице – открил тогаш.
Бруно се прослави како Електро Рок 1 во брејкденс хитот од 1984 година, во кој глумат заедно со раперот Ајс Ти и танчерот Адолфо „Шаба Доо Кинонес“. Адолфо почина неодамна, во 2020. година на 65-годишна возраст.

Покрај улогата во култниот филм, тој соработувал и со легендарниот пејач и танчер Мајкл Џексон. Двајцата танцувале заедно во спотот за песната „Smooth Criminal“, а Бруно наводно го кореографирал потегот со потпис на Џексон, „наклонот против гравитација“ за спотот.

Во текот на својата кариера танцувал и за Џенет Џексон, Лајонел Ричи, Чака Кан и други. Тој, исто така, се појавил во два кратки филма за Џексон: „Captain EO“ во режија на оскаровецот Френсис Форд Копола во 1986. година и „Moonwalker“ од 1988. година.
Тој исто така глумел во „Breakin 2: Electric Boogaloo“ а се појавил и во филмот од 1991. година „Bill & Ted’s Lagos Journey“ заедно со Кијану Ривс. За филмот „Thumbelina“ на Дон Блут, тој ги кореографирал секвенците. Пријателите и поранешните колеги се простуваа од Бруно на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …