(ФОТО) “SPARE” – Автобиографијата на принцот Хари стана најпродаваната нефикционална книга во историјата

Автобиографијата „SPARE“ на принцот Хари стана најпродаваната нефикционална книга во историјата, изјави Лери Финлеј, извршен директор на Transworld Penguin Random House.
На првиот ден, книгата се продала во 400.000 примероци во книжарниците и во аудио и онлајн формати.

„Знаевме дека книгата ќе биде популарна, но ова ги надмина сите наши очекувања. Колку што знаеме, единствените книги кои се продадени повеќе првиот ден беа книгите за Хари Потер“, рекол Финлеј.



„SPARE“ е пуштена во продажба вчера наутро, а пред книжарниците во Англија се формирале долги редици луѓе кои сакале што поскоро да ги прочитаат тајните на кралското семејство.


Хари пишувал за носење нацистичка униформа, тепачка со неговиот брат Вилијам итн. Тој тврди и дека убил 25 талибанци во Авганистан. Британските медиуми тврдат дека поради овие тврдења, Хари би можел да биде исфрлен од официјалниот протокол на крунисувањето на кралот Чарлс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …