(ФОТО) Солен ролат од спанаќ и сирење:Предјадење кое ќе ве воодушеви!

Потребно е:
850 г спанаќ
4 лажици меко брашно
4 јајца
1 лажичка сол
малку црн пипер
Фил:
250 г сирење по вкус (најдобро некое крем сирење)
250 г кисела павлака
150 г сечкана шунка
Подготовка:измијте и иситнете го спанаќот и насолете. Оставете да отстои, а може и малку да го пропржите на малку маргарин да излезе цела вода. За тоа време рерната вклучете ја на 200 степени.Изматете ги белките во цврст снег, додајте ги жолчките. Потоа додајте брашно и исцедениот спанаќ. Се’ убаво измешајте. Голем плех од
рерна малку намачкајте со масло и ставете хартија за печење, истурете ја целата смеса.
Израмнете. Ставете во рерна и печете околу 40. минути на температура од 180.
степени.Извадете од рерната и плехот и тестото со хартијата завиткајте го во ролат и оставете да се излади.
Павлаката изматете ја со сирењето. Кога кората од спанаќ ќе се излади, одвиткајте и
намачкајте со половина смеса од сирење, наредете ред шунка, повторно нанесете го
кремот. Завиткајте се’ заедно, пак во хартија за печење и префрлете во фрижидер да
отстои, да се стегне и да се соединат вкусовите.
Исечете на кришки и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …