(ФОТО) Со копач му го искршил БМВ-то на синот за да го спречи да вози пијан

РОДИТЕЛСКАТА љубов се манифестира на различни начини, а ова е една од понеобичните.
Со години сме сведоци на бројни примери како возачите на скапите тркачки автомобили БМВ не се многу внимателни во сообраќајот. Згора на тоа, се добива впечаток дека бонтонот во возењето не им е силна страна, а понекогаш во самодоверба ги преценуваат своите возачки способности.
На истото укажува и последниот пример. Уништеното купе на BMW од Серија 3 е резултат на девијантно однесување. Но, ова БМВ не учествувало во несреќата, туку така изгледа бидејќи сторителот сакал автомобилот да не учествува во евентуална несреќа.

Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека автомобилот го демолирал таткото на сопственикот на автомобилот. Тој ги скршил стаклата од автомобилот и ја вдлабнал каросеријата на повеќе места за да го спречи синот да вози под дејство на алкохол. Фотографијата ја објави полицијата во Логроно, Шпанија, со информација дека во текот на ноќта бил оштетен паркиран автомобил, а очевидци виделе џип како со голема брзина се оддалечува.


Полицијата го запрела теренецот и идентификувала две лица во него, таткото кој го демолирал автомобилот и 32-годишниот син на совозачкото седиште. По истрагата ја дознале позадината на немилиот настан. Таткото се обидувал да го убеди синот дека е премногу пијан за да вози. Кога не сакал да му ги даде клучевите од БМВ-то, таткото се налутил, земал копач и го искршил автомобилот.
Епилогот од врската татко-син не е познат, но доколку имате сличен проблем во вашето семејство, дефинитивно ви препорачуваме некои помирни решенија како што е разговорот. Или само издишете ги гумите.


Фото: Принтскрин/Ayuntamiento de Logroño

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …