(ФОТО) Славниот пејач изјавил дека повеќе не е муслиман!

Некогашниот член на поп групата „Оne direction”,британскиот пејач Зејн Малик признал дека повеќе не може себе да се идентификува со исламот и дека повеќе не е муслиман.
Еден од најплатените уметници во музичката индустрија, 25. годишниот Зејн Малик во интервју за британски „Вог“ рекол дека повеќе не верува во ниту една религија.
„Не велам дека сум муслиман. Верувам дека религиозните уверувања треба да бидат крајно интимни и дека поединецот треба да ги задржи за себе“, истакнал Малик, инаку дечко на популарната манекенка Џиџи Хадид.
Пејачот вели дека му е поважно да биде добар човек.


„Не верувам дека морате да јадете одредено месо кое религијата ви го наредува, не верувам дека морате да прочитате молитва на одреден јазик пет пати дневно. Не верувам во било што од тоа. Сметам дека е најважно да се биде добра личност“ додал музичарот.
Малик потоа рекол дека не сака претерано да говори за верата бидејќи обично таа приказна се претвора во “смешна религиозна дебата на филозоф“, но истакнал дека повеќе не ги практикува исламските ’должности’, вклучувајчи ги секојдневните молитви и конзумирање само на халал месо.
И’, додека многумина го поддржале што отворено зборувал за својата вера, но и животни уверувања, неговите изјави наишле и на мноштво негативни коментари во кои корисниците на интернет му порачале „дека треба да се срами од своите комнетари“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …