(ФОТО) Синоќа на Оскарите се појавил најдобриот пар во Холивуд: Се запознале кога тој имал 16, а таа 21 година и до ден денес се неразделни!

Голди Хон има 79 години, од кои 42 ги поминала во љубов со актерот Курт Расел.
Покрај многуте познати личности кои синоќа прошетаа на црвениот тепих на Оскарите, можевме да видиме и еден од најуспешните парови во Холивуд – Голди Хон и Курт Расел.
Голди (79) и Расел (73) се појавија елегантно облечени, но таа дефинитивно го украде целото внимание. За оваа пригода Голди се одлучила за златен фустан до подот, украсен со циркони и со интересен крој за да ги истакне нејзините облини и одличната фигура. Таа обвила шал во иста боја преку фустанот, додавајќи уште погламурозен ефект.
Голди Хон е позната во Холивуд по ведриот дух и младешкиот изглед и на 79 години. Ако ја прашате како го одржува својот младешки изглед, Голди веројатно ќе ви каже дека се е до љубовта што ја добива од сопругот, како и од трите деца и внуци.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Films World (@films_world2004)


Нејзината љубовна врска со Курт Расел е позната во Холивуд како култна. Тие двајца навистина се сакаат и сите го знаат тоа, а се започнало во далечната 1968 година кога се запознале на снимањето на филмот „The one and only Genuine, Original Family Band”“.
„Имав 21 година, а тој 16. Мислев дека е сладок, но беше премногу млад. Повторно се сретнавме неколку години подоцна. Ми се допадна и се сетив дека многу ми се допадна кога првпат го видов”, кажала во една пригода Голди.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reggie Keyohara III (@rkeyoharaiii)

Романсата меѓу холивудските ѕвезди се разгорела во 1983 година за време на снимањето на филмот „Swing Shift“. Од тој момент, двојката беше неразделна. Нивната страст беше незапирлива. На првата средба тие веќе имале блиска средба со полицијата.
„Гледавме филм, а потоа отидовме да танцуваме. Со неа одлично се забавував и решивме дека не сакаме да заврши ноќта, па отидовме во куќата што таа неодамна ја купи”, рекол актерот. Кога, се сеќава тој, гледале во „имагинарниот мебел“ во празната соба, почнале да водат љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goldie Hawn (@goldiehawn)

„Следниот момент пред нас се појави полицијата. Мислеа дека се работи за кражба, бидејќи реновирањето беше во тек. Сето тоа беше многу бизарно“, открил Курт.
Пред да се заљубат, Голди имала турбулентен живот. Таа се дружела со рокери во 1970-тите, а особено била блиска со Ролинг Стоунс, со кои често одела на забави.
„Беше диво. Знаев дека има многу дроги, но не видов. Се чувствував како една од невините. Се запрашав: ‘Како стигнав овде?’. Имав 26 години. Имав прекрасно време со Рони Вуд”, изјавила актерката оскаровка, која имала низа филмски хитови во тие години.
Пред кобниот филм со Расел, таа била два пати мажена. Таа беше во брак со режисерот Гас Триконис десет години, а се разведоа во 1969 година. Се омажи за музичарот Бил Хадсон во 1976 година. Со него имаше две деца, Кејт и Оливер. Тие се разделија во 1982 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goldie Hawn (@goldiehawn)

Курт беше во брак со пејачката и актерка Сезон Хабли четири години, до 1983 година. Со неа го имаше синот Бостон. Голди и Курт го добија синот Вајат во 1986 година.
Иако Кејт и Оливер не се во добри односи со нивниот биолошки татко Бил, тие се многу блиски со Курт.
„Тие се две од нашите ѕвезди водилки. Нивното наследство е она што ги научија нивните деца, а тоа е љубов и почит”, изјавила Кејт, која по стапките на нејзината мајка станала актерка.
Иако тие се еден од најдолготрајните парови во Холивуд, Голди и Курт никогаш не застанале пред олтар.
„Сите не прашуваат кога ќе се венчаме, па сега секој пат даваме различен одговор и се забавуваме“, изјавил неодамна Курт.
Досега успешно одолевале да стапнат на „лудиот камен“, но по толку многу години заедно, Голди и Курт сега размислувале да ја официјализираат нивната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goldie Hawn (@goldiehawn)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ин мемориам: Почина театарскиот, филмски и телевизиски актер, Самоил Стојановски

На 54-годишна возраст, почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Самоил Стојановски, известија од Народниот театар …