(ФОТО) ШТО СЛИКАЛЕ ПАПАРАЦИТЕ – Дали Џенифер Лопез и Бен Афлек се вериле или огромниот дијамант не значи ништо

Првата веридба беше прекината во 2004. година.
Џенифер Лопез била снимена, од папараците, во продавница за мебел во Лос Анџелес со нејзината ќерка, а големиот дијамантски прстен на левата рака ги поттикнал гласините дека е свршена со Бен Афлек.
Кога сфатила дека папараците ја чекаат на излез од продавницата, го свртела прстенот криејќи го дијамантот кон дланката.
This image has an empty alt attribute; its file name is jlo-prsten-685x1024.jpg
Имено, будното око на папараците ја фатил пејачката како купува мебел со нејзината 14-годишна ќерка Ема во Калвер Сити, Лос Анџелес. Џенифер била облечена во лелеаво цветен фустан и големи очила за сонце, но модата на страна. Она што најмногу го привлекло внимание е сјајот на вереничкиот прстен. На ниту една фотографија не е многу јасно, бидејќи кадрите се оддалеку, но огромните и матни зголемувања што ги нудат агенциите покажуваат голем прстен на прстенот на левата рака.

View this post on Instagram

A post shared by Bennifer 💚 (@bennifer.id)


Пред само два месеци, Лопез беше на промотивна турнеја за нејзиниот нов филм „Омажи се за мене“, во кој зборуваше за нејзината повторна љубов со Бен Афлек. Филмската и музичката ѕвезда и рекла на Елен Деџенерис дека „никогаш не можела да замисли“ дека можат да се помират, но додала: „Тоа е прекрасна работа“.
Дека двојката е подготвена за следниот голем чекор говори и фактот што неодамна во Лос Анџелес купиле имот вреден околу 50. милиони долари кој би можеле да го вселат не само тие туку и нивните деца.


View this post on Instagram

A post shared by Bennifer 💚 (@bennifer.id)


Инаку, за време на 17-годишната разделба и двајцата во меѓувреме добија деца со други партнери, па Џенифер ги дели близнаците Ема и Макс со пејачот Марко Ентони, а Бен ги има Вајолет, Семјуел и Серафина Роуз со актерката Џенифер Гарнер.

View this post on Instagram

A post shared by Bennifer 💚 (@bennifer.id)

Извор: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …