(ФОТО) Шерон Стоун го прослави својот 65-ти роденден во нов стил: Огромните усни ги загрижија фановите – Дали им се врати на естетските корекции?

Шерон Стоун покажа драматичен нов изглед за да го прослави својот 65-ти роденден
Актерката на Инстаграм сподели серија фотографии од прославата на роденденот на кои не можете а да не ги забележите нејзините огромни усни.
– Успеав. Конечно. Отидов во Холивуд за мојот роденден. Понекогаш го добивате токму она што го сакате. Ти благодарам Лиз – напишала Шерон во описот на фотографијата на која ја гледаме како дома го слави роденденот во пижами.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Многумина мислеле дека и таа се одлучила за пластична операција, но ова било само шега на актерката, а предимензионираните црвени усни биле направени од бонбони.
Актерката еднаш изјавила дека користела ботокс и филери, но дека по големи здравствени проблеми почнала да гледа поинаку на естетската хирургија:
– Доживеав голем мозочен удар и деветдневно крварење во мозокот, а морав да направам повеќе од 300 ботокс инјекции и филери за да ја вратам едната страна од лицето – изјавила таа за странските медиуми и додала дека ова шокантно искуство го променило начинот на кој таа дотогаш хледала на естетските операции.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …