(ФОТО) Серена Вилијамс, поради Вимблдон, ги пропуштила првите чекори на својата ќерка!

Вработените мајки како тенисерката Серена Вилијамс понекогаш пропуштаат важни моменти од животот на своите деца.


Така тениската ѕвезда во саботата открила дека нејзината 10. месечна ќерка, Алексис Олимпиа ги направила првите чекори, а таа не била покрај неа бидејќи тренирала за Вимблдон.


„Ги направи првите чекори..Јас тренирав и ги пропуштив“, напишала Серена на Твитер додавајќи дека се расплакала откако слушнала за новоста.
Новопечената мајка моментално е концентрирана на важниот тениски турнир во Лондон. Во случај да победи, тоа би и било осми пат да се закити со трофејот на Вимблдон.

Back at it again 😏

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …