(ФОТО) Сефер Цаноски се ожени во Истанбул: „Без љубов не се живее!“

Веќе пишувавме дека Сефер Цаноски и Лејла Рамковска се разделиле и дека се кој продолжил понатаму, но децата им се заедничка грижа.И, додека Лејла е доста таинствена, Сефер на својот Фејбук профил објавил фотки од свадбата во Истанбул…

Познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, со својата избраничка Сезен Баш направи свадба во Истанбул, Турција. Тој објави дел од свадбената фотосесија на својот фејсбук. Под фотографиите на кои позира со Сезен облечена во невестински фустан и вел, тој и порача да танцува со него до крајот на животот, според стиховите на хитот од Леонард Коен.
„Мојот нов животен сопатник, мојата Сезен, мојата сопруга“, напиша покрај другото Цаноски.
Свадбената веселба се случувала на брод кој што плови на Босфор.
Веста дека Сефер се разделил со сопругата Лејла, ќерка на бизнисменот Велија Рамковски, со која беше во брак околу десет години, предизвика изненадување во јавноста пред неколку месеци. Веднаш потоа тој раскажа дека е во врска со Сезен, која живеела во Турција, каде што случајно се запознале, на една од улиците на Таксим, додека пиел кафе. Тој не го криел воодушевувањето од убавата банкарка која често можеше да се види и во ФОН.
„Без љубов не може да се живее, да се функционира и да се работи. Љубовта со Лејла згасна пред неколку години, а лани одлучивме да се разделиме. Двајцата продолживме со животот и ја фокусиравме енергијата на нашите две деца. Останавме пријатели, а со семејството Рамковски сум во секојдневен контакт“ бил искрен Цаноски.
За својата нова љубов вели дека таа е вистинската, современа жена, искрена и културна, и поради нивната љубов дошла да живее во Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …