(ФОТО) #Седидома – „Дознав дека сум позитивен на корона вирусот и во изолација сум – Седете си дома, а ако веќе имате потреба да излезете обавезно носете маска и ракавици и одржувајте лична хигиена!“

„Драги роднини и пријатели сакам да ве информирам дека предмалку ги добив резултатите и дека сум позитивен на корона вирусот COVID-19. Сега за сега сум добар, со некои благи симптоми. Од вторникот сум изолиран во стан во Маџари со надеж дека не сум го пренел вирусот на моите дома. Сакам да апелирам до сите вас сериозно да ја сфатите целава ситуација и на секој можен начин да се заштитите. Што побавно се шири вирусот толку поголеми ќе бидат шансите за преживување на оние кај кои вирусот ќе предизвика компликации. Најголем проблем со овој подмолен вирус е што најмногу се шири кога немаш никакви симптоми. Избегнувајте близок контакт со вашите родители и баби и дедовци бидејќи тие се најризична категорија. Седете си дома, а ако веќе имате потреба да излезете обавезно носете маска и ракавици и одржувајте лична хигиена. Работава не е шала иако многумина ќе го поминат вирусот на нозе, дури нема ни да го осетат, но мора да се забави неговото масовно ширење. Во моментов најтешко ми е што сум сам без моите, но ќе издржиме. Се молам на Бога како стиснат Егеец да не сум го раширил на други луѓе. Останете ми со здравје, се гледаме кога ќе помине ова лудило…“, објави на својата страна на Фејсбук Иван Ајс Стефановски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …