(ФОТО) Се вратила во голем стил: Амал Клуни воодушевила во ретро креација!

Амал добила шанса прва да носи модел од најновата колекција на позната креторка. Ексклузивност која им е овозможена на малкумина избрани!
После една малку подолга деловна, јавна пауза, убавата Амал се вратила на своите обврски – секако во голем стил.
На јавна расправа, одржана во петокот во градот Сан Хозе во Калифорнија по повод случувањата „Watermark Conference for Women”, згодната бринета која го освоила срцето на глумецот Џорџ Клуни, и овојпат покажала дека нема конкуренција во деловна и модна атмосфера. Едноствно нема.
Британската адвокатка повторно успеала да шармира со своето импресивно деловно издание, кое на стилски и моден познавач како Амал им пркосел на конзервативните, здодевни деловни изданија кои обично ги чинат панталони и палто – синоними за облекување на правниците.
Меѓутоа, во модното досие на ангажираната адвокатка, облеката е потполно поинаква и е пример на елеганција, женственост и одмереност. И поради тоа не не изнендува што како таква е инспирација на многу вработени жени ширум светот.


За конференцијата, самоуверената госпоѓа Клуни, избрала тесна креација на дизајнерката Дајана вон Фурстенберг, со геометриски „оп-арт“ дезен. Игра на жолти и црни линии, ромбови и кругови, со должина малку под колената, јака со зебра дизајн и каиш околу струкот претставуваат смел спој на ретро и модерни елементи.

И во „beauty” сферата убавата Амал ја продолжува винтаж играта и стилскиот експеримент – пуштена, нежно навиткана коса по узорот на стариот Холивуд има црвенкаст отсјај и создава умерен контраст со комбинацијата на облекување,но и целина која е полн погодок за ваква пригода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …