(ФОТО) Се појавила тајната на Марлон Брандо: „Спиеше со мојот сопруг а кога беше дрогиран…“

Ако некој бил и’ останал олицетворение на машкост и симбол на заводливост во текот на 20. век, тоа е сигурно тој.Жените лудееле по него и се’ би направиле за него, а Марлон Брандо спиел со мажи. Тврдат нему блиски лица.
Популарниот глумец сакал се, напоменува сопруга на маж со кого Брандо спиел. Џенифер Ли, вдовица на американскиот комичар Ричард Прајор открила дека Брандо имал секс со нејзиниот сопруг. И’ не само со него туку и со писателот Џејмс Болдвин, пејачот Марвин Геј…а претходно беше раскажана и приказната за односот помеѓу Марлон Брандо и Џемс Дин…
Џенифер Ли открила дека во текот на седумдесеттите заедно уживале во дрога и правеле сешто..
„Ако би земале доволно кокаин би имале секс со радијатор и наредното утро би му испратиле цвеќе. Брандо би имал секс со било што, па дури и поштенско сандаче“ рекла Џенифер.
Нејзиниот сопруг во својот дневник пишувал за различни сексуални лудории каде би открил што се’ правел, а тоа дело ќе ја здогледа светлината на денот кон крајот на оваа година. Нејзиниот сопруг починал во 2005. година, една година пред Марлон Брандо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …