(ФОТО) Во Скопје се подготвува свадба на која ќе се појават: Цеца, Брена, Чолиќ, Јоксимовиќ, Ковачевиќ… а, младоженецот не е ниту многу позната личност од јавниот живот…но, е…

Времето ќе покаже колку шушкањата по скопската чаршија ќе бидат вистинити за свеченоста која отсега се нарекува свадба на деценијата…
Уште пред некое време некои макеонски медиуми објавија дека тој решил да стапне на лудиот камен, па зимоска,  додека биле на скијање и го ставил на рака свршеничкиот прстен на својата девојка Ана.
Сега е закажана и свадбата. Велат дека може да се случи да биде прогласена и за свадба на деценијата.Скопската чаршија веќе наголемо зборува дека на свадбата која би требало да се одржи на локалитетот на хотелот „Белви“ на влезот од Скопје, се поканети да присуствуваат над 500 званици. А, гоем дел од гостите нема да бидат било кои.
Се разбира покрај членовите на семејствата, роднините и пријателите, голем дел од званиците ќе бидат и познати и популарни, македонски јавни фаци, најмногу од естрадата и естрадната новинарска фела, меѓу кои ексклузивата ќе ја има екипата на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ на пример.
Познати македонски естрадни уметници покрај тоа што ќе бидат и самите гости и ќе ги забавуваат гостите, а не е исклучено да се појави и некој од политичарите од актуелната власт, заради идеолошката блискост на младоженците со неа.
Но сепак, ѕвездената ексклузива доаѓа однадвор. Имено, во кулоарите наголемо и гласно се зборува дека Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Жељко Јоксимовиќ. Жељко Самарџиќ, Саша Ковачевиќ… ќе бидат специјалните гости на свадбата.Само како гости или и ќе запеат, останува изненадување. Како што останува да видиме дали навистина некое од од овие имиња ќе се појават на семејната веселба која претендира да биде свадба на деценијата, или е само уште еден рекламен трик за дигање чалам? Но, со оглед на тоа дека тој на сите наведени им има организирано концерти и не чудо ако наведенте ѕвезди се појават…
Ако уште сте во дилема кој тоа се жени, еве да ви откриеме. Во прашање е естрадниот менаџер Кристијан Стефановски – Кико и неговата свршеница, а наскоро и сопруга Ана Стојковска. Како и да е, веруваме дека Кико ја најде жената на својот живот. Па, нека е со среќа!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …