(ФОТО) Рита Ора на Косово пеела пред 300.илјади луѓе и зборувала на албански

Рита Ора настапила во Приштина по повод десет годишнината на независноста на Косово и тоа пред 300. илјади луѓе, како што напишала на својот Инстаграм профил.
Пејачката настапот го отворила зборувајќи на албански и при тоа ги воодушевила своите сонародници, а настапила во црвено-црно боди.


„Ми рекоа дека 300. илјади луѓе дошле да ме гледаат. Среќен ден на независноста. Никаде на светот не би сакала повеќе да бидам отколку тука. Започнавме заедно, не би била тука каде што сум да не бевте вие. Скоро десет години го работам ова, но чувството никогаш не престанува. Благодарна сум. Горда сум. Јас сум Албанка“ напишала Рита и им се заблагодарила на својот тим, како и на владата на Косово.


Пред концертот Рита се сретнала со Рамуш Харадина, премиерот на Косово.

Инаку, Рита е родена во Приштина, но нејзините родители пребегнале во Лондон кога таа имала само една година.Сепак, Рита многу се гордее со своето потекло и често тоа го истакнува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …