„Ме привлекоа неговиот шарм и интелегенција. Беше љубезен“
Карен МакДугал (46), поранешната Плејбој зајачица, која тврди дека во текот на 2006. година, била 10. месеци во врска со Доналд Трамп, открила нови детали за тоа како сегашниот претседател на САД, ги искористил својата моќ и богатство, за да ја навлече во кревет, а потоа да ја замолчи.
Карен, која во 1998. година била избрана за Зајачица на годината на Плејбој, водела дневник кој го објавил магазинот Њујоркер. Таа Трамп го запознала во 2006. година, на забавата која Хју Хефнер, поранешниот газда на Плејбој, ја организирал во својата вила.
Трамп и зајчицата се состанале во Лос Ангелес, кој милијардерот често го посетувал, додека Меланија, неговата трета жена, била во Њујорк со синот Барон, кој тогаш имал само три месеци.
„После првиот секс, Трамп ми понуди пари. Бев тажна, го погледнав и му реков дека јас не сум таква девојка. Му реков: „Спиев со тебе, затоа што ми се допаѓаш, а не поради парите“. Ми рече дека сум посебна“, изјавила Карен во дневникот и продолжи:
„Ме привлекоа неговиот шарм и интелегенција. Беше љубезен“.
Нејзината афера со Трамп беше завршена кога тој почнал да ја исмева Карен поради тоа што се дружела со Афроамериканци. Карен приказната за аферата со Трамп, ја продала за 150.000 долари, на таблоидот „Нешенел инквајерер“, чиј сопственик е Дејвид Пекер, пријател на Трамп. Таблоидот одлучил приказната да не се објави. Но, приказната за аферата стигнала до угледниот „Вол Стрит журнал“, кој ја објавил 10. месеци пред изборите во 2016. година. Белата куќа тогаш ги демантираше наводите на Њујоркер.
„Ова се лажни вести. Претседателот никогаш немал афера со Карен МакДугал.