Едно ново истражување ги анализирало светските дестинации за да утврди кои се најпогодни за жените кои патуваат сами, а Хелсинки се нашол на врвот, додека Загреб на второто место.
Бројот на жени кои патуваат сами низ планетата моментално е поголем од кога било, а реалноста е дека некои дестинации многу подобро им одговараат на жените кои патуваат сами од другите.
Новата студија на DIPNDIVE обезбедила детална анализа за лоцирање на најдобрите дестинации, оценувајќи бројни фактори – од времето, пријателството и безбедноста на местата до просечната цена на живеење, просечната цена на хотелот и бројот на бесплатни атракции што се нудат.
На врвот на листата на најдобри дестинации во светот за жени кои патуваат сами се најде Хелсинки, главниот град на Финска.
View this post on Instagram
Имено, Хелсинки е рангиран како трет најбезбеден град на оваа листа (по Загреб и Сингапур) со оценка 75,3. Тоа е воедно и второто најпријатно место, со импресивна оценка за пријателство од 90 и има неколку бесплатни атракции кои се нудат во замена за малку повисоки трошоци за живот и хотелски цени.
Хелсинки се издвојува по своите одлични културни места, како што се HAM, Хелсиншкиот уметнички музеј и Finlandia Hall, која повторно се отвора по обемните реновирања. Покрај тоа, Хелсинки може да биде база за истражување на други пејзажи во Финска.
Второто место на листата го зазеде Загреб во Хрватска, додека Берлин е на третото место.
View this post on Instagram
Целосната листа на најдобри дестинации за соло женски патници ја чинат:
– Хелсинки
– Загреб
– Берлин
– Сингапур
– Варшава
– Чикаго
– Мадрид
– Виена
– Њујорк
– Будимпешта
Фото: Принтскрин/Instagram