(ФОТО) Размазена богаташка го ЗГРОЗИЛА светот: Во лов убила жирафа па позирала со нејзиното срце во рацете!

Жената додала дека убива од 5-годишна возраст и дека тоа ќе го прави сè до нејзината смрт
Холанѓанката Мерелизе ван дер Мерве се пофалила со „најубавиот подарок“ од сопругот за Денот на вљубените.
Мерелизе и нејзиниот сопруг отишле на лов во Јужна Африка, концентрирани на жирафите – пред сите други животни.

Кога на својот Фејсбук профил, Мерелизе, објавила фотографија со убиена жирафа, над која го држи срцето во рацете, нејзините следбеници ја „распнале“.


„Благодарност до мојот драг сопруг што издвои 2.000 евра за два незаборавни денови на лов. Трофејот е тука“, напишала Мерелизе, позирајќи со убиеното животно.
Нема потреба да се прераскажува што се и напишале луѓето во коментарите на оваа Холанѓанка. Сепак, таа, очигледно навикната на критики, одговорила ладно и смирено.


Заедно со сликата, Мерелизе ги шокирала своите следбеници со изјавата дека „не знаела дека срцето на жирафа е толку големо“
„Пред ловот, ни беше кажано дека овој вид жирафа ‘бик’ може да биде убиен. Покрај тоа, ни рекоа дека е пожелно светот на животните во тој дел на Јужна Африка да има помалку од нив“, се оправдала Мерелизе, која ловела од својата петта година.
Таа досега убила повеќе од 500 лавови, тигри, жирафи и други диви животни, а како што вели, ќе се занимава со ова хоби до смрт.


Фото: Принтскрин/Facebook/Merelize Van Der Merwe

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …