(ФОТО) Расел Кроу ја покажал девојката: Дебел и запуштен шета 26. години помлада убавица!

Актерот Расел Кроу беше фотографиран во јавност со својата 26. години помлада партнерка, Бритни Терио, додека го гледаше тенискиот натпревар меѓу австралиската тенисерка Ешли Барти и Американката Даниела Колинс.

View this post on Instagram

A post shared by Russell Crowe (@russellcrowefans)


Холивудскиот актер, 57-годишниот Расел Кроу и неговата млада девојка, занесната 31-годишна поранешна актерка и агент за недвижности Бритни Терио, биле снимени во ретко јавно појавување на мечот меѓу австралиската тенисерка Ешли Барти и Американката Даниела Колинс на Австралија Опен, во Мелбурн минатата сабота.
За нивната љубовна врска се шпекулира долго време, а гласините се потврдија кога се бакнаа на тенискиот терен во ноември 2020. година, но никогаш јавно не проговорија за нивната романса.



Се верува дека се запознале на снимањето на филмот „Скршен град“ од 2013. година, пишуваат странските медиуми, поточно Daily Mail.
Вреди да се напомене дека двајцата го обожаваат тенисот, не само што го гледаат, туку и го играат. Расел светската слава ја стекна благодарение на филмот „Гладијатор“ од 2000. година и своевремено го обожаваа жените ширум светот, но со текот на годините доби вишок килограми, а неговата подолга коса и густата брада станаа негов заштитен знак.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …