(ФОТО) Прва награда за женскиот младински хор при МКЦ на силниот меѓународен акапела натпревар во Варшава

Оваа награда е последна во низата од 6. први награди, 6. специјални награди и „Grand Prix” титула освоени од маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ во последните три години на натпревари во Романија, Полска и Словачка
Само една недела после реализацијата на хит проектот JazzToVoice, маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ продолжија со успесите на меѓународна сцена. Овој пат во Варшава на силниот меѓународен акапела натпревар “Varsovia Cantat” на кој настапија голем број квалитетни хорови од Европа и Азија.


Женскиот младински хор го освои првото место во категоријата на еднородни хорови, а освен во натпреварувачкиот дел, хорот одржа и два концерти во катедрали во Варшава и Згиерж и настапи на гала концертот на сцената на големата концертна сала на музичкиот универзитет “Фредерик Шопен”.
Оваа награда е последна во низата од 6 први награди, 6 специјални награди и ,,Grand Prix” титула освоени од маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ во последните три години на натпревари во Романија, Полска и Словачка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …