(ФОТО) Прекрасен концерт на Калиопи во „Сава центар“ во Белград: Магија која не престанува!

Калиопи во „Сава центар“ во Белград одржала концерт за памтење, пеела свои но и хитови од колегите.А, во публиката бил и првиот сопруг…
Со волшебен глас, одлични песни, неверојатна енергија и насмевка македонската пејачка Калиопи Букле во петокот вечер ја разгалила публиката на својот солистички концерт во „Сава центар“…
Ветила дека тоа ќе биде посебна ноќ, а судејќи според реакциите на посетителите така и било…


„Добра вечер Белград, драги мои познати и непознати, но сакани“, рекла калиопи.
„Белград секогаш ме преплашува, се чувствувам како девојче“, додала македонската пејачка.
Но, немало причини за малку страв бидејќи Калиопи уште еднаш покажала дека помеѓу неа и белграѓани има посебна магија. Публиката ја вратила три децении назад испејувајќи неколку балади од албумот „Роџени“ од 1988, кој е наречен според нејзиниот истоимен хит.


Не ги пеела Калиопи само своите песни. Оваа ладна ноемвриска цечер во српската престолнина донела „пролет“ испејувајќи ја на свој начин „Април у Београду“.
Нешто подоцна пред белградската публика ја извела и новата нуерма „Пресуда“, но уживала и со „Дали ме сакаш“ и други композиции кои ја одбележале нејзината успешна кариера.


Првпат после 30. години на солистички концерт на најпопуларната македонска пејачка присуствувал и Ромео Грил, нејзиниот бивш сопруг, продуцент и пријател и автор на нејзините најголеми хитови. Пејачката јавно му се заблагодарила на прекрасните песни кои ги изнедрил за неа, а потоа Ромео, кој со сопругата седел во првиот ред, станал и и’ се поклонил на публиката која го поздравила со аплауз.

На концертот уживале и ммногу пзонати музичари
Од првиот ред концертот на Калиопи го следеле Огњен Радивојевиќ со сопругата Билјана, пејачите Жељко Самарџиќ и Стефан Анѓелковиќ, водителки…

Огњен Радивојевиќ со сопругата

Жерљко Самарџиќ со ќерката

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …