(ФОТО) Предупредување за искуство со лавина во Македонија:Реални и вистински опасности на Љуботен !

После неколкуте лоши искуства со планинарењето во кои за жал неколку млади луѓе ги загубија животите, алпинизам. орг објави предупредување во врска со лавините во Македонија:

„На 15ти декември, тројца пријатели прават обид за искачување на врвот Љуботен. Поради лоши временски услови, силен ветер и многу слаба видливост, на 100тина метри под врвот одлучуваат да се вратат, но во истиот момент, прават скршнување од патеката по која се качувале и несвесно – влегуваат во лавински терен. Едниот од нив е однесен од лавина, по што се губи контакт помеѓу нив. Другите двајца се обидуваат да направат заобиколување на теренот за да можеби стигнат надолу да помогнат, но и нив по некое време ги зафатува лавина… Во тој момент на немање контакт, а преживување на сериозна ситуација во слаба видливост (само 10.тина метри) – двајцата продолжуваат со симнување на косовска територија, а човекот кој е првично зафатен од лавина, продолжува на македонска територија, при што повторно е зафатен од лавина и овој пат сам, со голема среќа – останува на површината доволно, за да може да се извлече.


Ова не е филм! Реалност! Во нашите планини! Кои понекогаш, знаеме да ги потцениме, а секоjа година не’ предупредуваат колку можат – во секунда невнимание, да приредат многу сериозни предизвици. Повеќе детали околу ова искуство, ќе споделиме во текот на следната недела.
Во моментов само споделуваме каде се случени лавините. И тоа:
– Зелените кругови се местата каде се случени лавините кои го фаќаат едниот од групата, а синиот круг е местото каде се зафатени другите двајца од групата…
– Портокаловата линија е заедничкото движење, највисоката достигната точка и моментот кога се скршнува од патеката.
– Црвената линија е патеката по која се движи/го носат лавини едниот од групата (патеката завршува високо во планината бидејќи снемува батерија часовникот)
– Жолтата линија е патеката по која се движат останатите двајца откако се случува првата лавина која го носи нивниот пријател.
Сите за голема среќа во оваа несреќа – живи и здрави уште истиот ден се враќаат во своите домови во текот на вечерните часови“
, велат во соопштението од алпинизам.орг..


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …